Американските дипломатски претставници, аташеа и дипломати биле тие што ги собирале информациите од земјите во кои се наоѓале, преку официјални бизнис-контакти или повремено преку тајни состаноци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во Вашингтон овие извештаи биле разгледувани од страна на службениците на Министерството за надворешни работи и биле испраќани до регионалните бироа и до воените разузнавачки служби (Службата за поморско исвестување (ONI) и Воениот оддел при Воената разузнавачка служба, познат под името G-2).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Повремено преку визијата минуваше магла, ја носеше со себе и ослободуваше простор за нова визија: наеднаш Рубина Фаин е широколика и ковчеста идна родилка во ленена кошула; околу неа , под араратските или карпатски или алпски масиви, лежат разбранети златни полиња или пасишта со онаа трева што кај нас, не знам зошто, селаните ја викаат слак; чекори, чекори, ќе стаса ли на историската цел негде кај што, според неа, крвта се измива со крв?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)