Не по своја волја, животот и денес ќе ме натера да продолжам, повторно и повторно со играњето на истата претстава која на репертоарот на животот е уште една бедна улога.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сакаше повторно со кренато чело да зачекори низ кумановските сокаци, безгрижно да се препушти на младоста и убавините со кои беше дарувана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Ах, проклета...“ викаше Богдан, „ме намами повторно со пудлицата...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Маџир маало Ѕидовите со вар варосани од кои, ако се почешаш, целиот ќе си побелен, сарделата (во ИНА конзерва), долапите од надвор на „фасадата“ за тенџерчиња со бели точки, повторно со црвени сардели ползавци, блиску, блиску со дворовите, па за интимно кафе посабајле или чаша вино со „некој“ во квечерината - нема шанси.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Иако не можеме без нив. – Повторно со необична леснотија, патникот се истовари од таксито и свиркајќи некоја старинска мелодија („Само еднаш се љуби“!, му текна додека се враќаше во рикверц) се упати кон театарското бифе.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не само во насловниот расказ во кој е можеби, највпечатливо и најзастрашувачки, доловена временската празнина, „црна дупка каде што времето умира“, како и губењето на временските координати на нараторот што, истовремено, значи и губење на неговиот идентитет,туку и во бројни други раскази („Футролата“, „Лекција“, „My private Europe“, „The seeker on the way of sound“, „Фото-финиш“ и др.) филозофските размисли за времето, експлицитно или имплицитно, кореспондираат со специфичниот светоглед на авторот, со неговата потрага по самоосознавање, од една страна, но и со неговата благородна потреба да се спротивстави на ентропијата на животот и неговата тривијалност, од друга страна.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Повторно со твоите игри! – го гали, додека помалото внуче му забива клинец во ногата – те обожувам поради внуче му тактира со ударите на чеканот.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Така рече, и потем се зафати повторно со препишување на записот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Најпосле, херојот на нашето враќање беше повторно со нас.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На ден пред заминувањето, ја видов повторно со книгата в раце.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)