116. Хрватот Ватрослав Јагиќ (1838-1923) му беше исто така професор во Русија, на кого и подоцна му испраќа свои сепарати.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На машкото друштво подоцна му се приклучија и неколку девојки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И таа во почетокот молчеше, но подоцна му кажа дека сакала некое момче во селото со кое кришум се состанувала, кое ѝ било најмило нешто на светот, но тоа подоцна ја оставило, ја напуштило и зело друга девојка; му кажа на отец Иларион дека тоа ѝ нанесло силна болка во душата, дека не може да преболи и дека ѝ иде да се убие, да ја снема од овој свет, бидејќи за неа животот е веќе ништо, мачнина, патење; со ноктите се драскаше по лицето и телото, сакаше да го нагрди, да го раскине, зашто веќе не ѝ е потребно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Инаку ти сигурно уште ќе поспиеше“, подоцна, многу подоцна му рече Елефтерија на Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Будалче“, подоцна му рече Германија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Марко подоцна му рече на Еда: „Така е.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Ние во семејството имаме две потекла“, подоцна му раскажуваше Елефтерија за да му објасни зошто е црномуреста.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Љупчо подоцна му пристапи на Движењето за општествен прогрес, релативно голема опозициона група финасирана од неколку безобразно богати противници на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во почетокот тоа му беше интересно, но подоцна му стануваше непријатно: му се причинуваше дека тие оживуваат, гледаат во него, го демнат од сите страни, го следат секое негово движење.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ја пуштив да влезе додека стоев отсликан во неколку перспективи низ сјајните огледала сред огромниот тоалет.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тетка Марија не изгледаше ниту толку средено ниту пак отмено како тетка Олга - дури ни престилката не ја имаше извадено (како што забележа тетка Олга и подоцна му кажа на тетин ми), а околу главата имаше завиткана темна шамија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога подоцна му ја споменав оваа епизода тврдеше дека воопшто не ме погледнал и дека сè ова јас сум си го измислила, дека многу преувеличувам, а кога се подналути, дури ме обвини дека лажам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Знаев дека можеби треба да покажам и некои знаци на љубов кон неа, ако сакав да добијам барем малку љубов од свекрвата за возврат.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Козарите подоцна му објаснуваа на Чанга дека стравот од луѓето се пренел кај балканските кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Впрочем, подоцна му стана пријатно кога се сети дека и навечер ќе има можност да се прошета со новиот шинел.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)