подоцна (прил.) - ист (прид.)

Ова им беше објаснето и еден месец подоцна истата таблета се појави со преполовена доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така и се заврши: во Истражниот затвор бев приведен на 29 март, а еден ден подоцна истото се случи со Нинослав и со Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пак се слушнавме подоцна истиот ден. Бев веќе на работа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но, дозата од таа книга била предвидена за психијатри кои таблетата би ја користеле под клинички надзор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подоцна истиот овој адвокат, лично или преку своите заменици (П.Трајковски и Д.Деспотовски), и го застапуваше Авдиќ за време на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По новонастанатата ситуација која дојде неочекувано и со малициозна тенденција да му се напакости по секоја цена, Авдиќ се почувствува изманипулирано и оштетено и, за подготовка на тужба за иницирање судски спор, директно се обраќа кај адвокат од Скопје (А. Ребула) – затоа што немаше доверба во раководството на својот матичен синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури подоцна истиот ден некој ја нашол маската натоварена како си пасе, ги собрал расфрлените работи и кога тргнал надолу кон селото, детето почнало да плаче од вреќата и така дедо Стефан останал жив и здрав.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)