Утре ќе го има в раце списокот со семејствата на оние бедни триста Евреи што живееа на островот и кои треба да бидат депортирани како и милионите што беа интернирани во полските логори и стотиците илјади подложени на „конечното решение” за кое се грижеа токму елитните единици на кои самиот со годрост им припаѓаше. Карер излезе на воздухот и продолжи уште извесно време да оди со спокоен чекор.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Градоначалникот се сврте, ја намести капата на глава и полека замина од канцеларијата на есесовецот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)