Србин и Шишман веднаш штом сфатија што им вели Чакарвелика, ги свртеа полека главите назад кон планината како да ќе видат нешто од тоа што го чуја.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тој секогаш ист глас на проклетиот Онисифор Проказник, ни покорен ни предизвикувачки, глас со една смисла - да се разбере што се зборува а не како се зборува, го слушал пред тоа во себе и точно со истото прашање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја кренал полека главата да го надене тој човек на рогот што му никнувал на тврдото чело, всушност ги извлекол рацете од утробата на животното и го зел ножот од крај себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)