половина (прил.) - час (имн.)

А сега... Откако ги испрати двајцата постари браќа кон Калето, беше нивни ред да носат храна, не мина ни половина час, три пати се чу ударот на металната рака врз металното топче на надворешната порта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Двојникот ми ја држеше линијата веќе половина час – нагло ослабев.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така, бива-небива, се плискаа момчињата околу половина час во студениот вир, се измокрија и кога веќе не можеа да ја поднесат студената вода, кренаа раце и излегоа на ливадата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По половина час пушката веќе не беше тајна за него, па зеде еден патрон, излезе пред колибата, го стави во цевката, го врати затворачот, ја крена цевката в небо и го притисна чкрапалото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По половина час Кети слушна како вратата на спалната се отвори.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Вети ми дека ќе лежиш половина час мирна“, рече. „Тоа е глупост, Јан Лудвик“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се облекува и излегува. По половина час се враќа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Гледа во банкнотите, издвојува една, а останатите ги враќа во куферот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се обидувам да се насмеам. – Се сеќаваш ли на Боби, синот на мајорот од соседното маало, оној црниот што само по гаќи издржуваше половина час на снег? – Аха – вели, бришејќи ги очите со надланката: - Што е со него? – Се уби и тој.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По половина час, се врати во дворот сестра Ангелина облечена во чиста горна раса, со голем крст на градите, со камилавка на главата, апостолникот и бројаниците на прстите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ти, и кога би ме сменил, не би издржал повеќе од половина час да не ја прекршиш стражарската дисциплина и да не се вовреш кај неа, а јас ти веќавам дека, ако ме смениш, немам никаква намера да одам да спијам и да се откажам од мадемов што сум го открил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
За тие половина час возење обично ги правеше своите планови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му требаше половина час за да го најде коњот и да го врати. – Добро, – рече тој, – скокај. – Цел свет сега се буди. – Што ќе правиме, – реков јас. – Или ќе го вратиме, – рече тој, – или ќе го скриеме до утре наутро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Сепак, – продолжив јас, – колку време јаваш секое утро? – Само ова утро, – рече тој. – Ја зборуваш ли вистината? – реков јас. – Се разбира дека не, – рече тој, – но. ако нѐ откријат, тоа ќе треба да го речеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На секој половина час црковните камбани повикувале за будност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во паузата од половина час беше организиран коктел со мала закуска.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Истиот ден, некаде приквечер, дојде мајка ѝ: „Томе, сине, татко ти и јас имаме нешто многу важно со тебе да разговараме. Биди долу за половина час.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Седевме таму едно половина час и му велам на чичко ми Борис: Може ли да ме известиш ако почне движењето, а јас да се симнам долу да видам до каде е лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Само што се вратив слушнав пишталката свири и сите моравме да се најдеме на зборното место. Ех, како ми беше криво!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Проголта уште еден оброк без секаков вкус во кантината, побрза во Центарот, зеде учество во свеченото глупирање на една „ дебатна група“, изигра две партии пинг-понг, проголта неколку чашки џин и отседе половина час на предавањето насловено „ Ангсоц и односот спрема шахот“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Не е упатно, дури ни за членовите на Внатрешната партија, да го држат исклучен телекранот повеќе од половина час.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Останатото време можеа да се среќаваат само на улица, секогаш во некоја друга и никогаш повеќе од половина час.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Книгата ја споменаа повторно дури откако поминаа половина час во креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По половина час џипот застана пред една мала крајпатна куќа и во неа ја внесоа Лара. Во џипот останавме јас и Кена.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Поминува четврт час, половина час, четириесет минути.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Пријателе“, го чу агентот. „Половина час те освестував со студена вода.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа мрмореше, негодувајќи половина час и тој не можеше да стаса да изусти ниту збор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
По половина час истите прашања а јас истиот одговор, се разбира само еден, а тие мене - втората чаша со масло.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Значи, слободен сум за час-два? - праша Коста. - Не! Веднаш тргнуваме за Елбасан!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се уште го слушам оној нејзин малку зарипнат глас со маџирски акцент и тоа непрекинато „мирно“, „слободно“, „налево“, „надесно“, „едно чело да гледам“, „песна“. Половина час.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Возејќи сега кон ешалоните што стојат построени, Коста ги преџвакува овие разговори и веста дека Нумо Дамовски е во Прењес и размислува што да направи наопаку за да го слушне од својот претпоставен она „Ај сиктер, паљопедо“22 и барем половина час да биде слободен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Половина час во таксито, со Ева, Лех и возачот, бргу ме увери во точноста, но и во непотполноста на препораките на сопатничките од авионот – Полјаците се учтиви, но и весели и зборлести.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А место кока кола – јогурт! – му вели Димитар на другар си што за час „смачка“ една четвртинка со сирење.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Камењата и дрвјата стојат едни наспроти други како кристално­то саќе и течниот мед. (Камењата покрај тоа ги претставуваат и скалите на кои Бојс бил ранет за време на Втората светска војна.) И тука главната тема е преминот на метаморфозата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пренесено, тоа е она што веројатно се случило на акцијата Келтско (Kinloch Rannoch) шкотска симфонија од 1970 г..
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Откако се полил со желе - за да го означи враќањето во флуидната состојба - и неподвижно, како да е мртов, стоел околу половина час, Бојс влегол во кадата наполнета со вода и се полевал со неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
СИВИЌ: Доцни уште половина час. ХЕРЦОГ: Па пред половина саат доцнеше уште половина час.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Наредив: по неа! Се стрчаа двајца од моите и по половина час ми рапортираат: другар командант ја фативме дезертерката, ама е ранета...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По половина час пешачење наместо ги вкопа остар глас на стража.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По скоро половина час Фимка се враќаше од потокот со буклето полно вода и со испраните пљачки на Циљка и по пат, на ранетиот што го носеше, му даде да се напие.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А колку е далеку? - До границата половина час.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бреда шмркаше првите половина час, потоа ја стегна мојата рака и липаше отворено кога момчето конечно излезе од меурот, доби триесет и седум различни болести и умре пред да почнат рекламите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Филмов го имам гледано шест пати“, рече таа борејќи се да го контролира својот глас, „и секогаш се возбудувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Каков живот”, рече таа мавтајќи со чашата пред екранот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ведане, те молам, облечи се пристојно и немој да се оддалечуваш од зградата, за половина час имам намера да одам кај Билјана на Славко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Појди до некаде и — налево круг. Ајде, пак назад. Може половина час така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Следниот половина час во глава ми се сврте целиот филм.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Чаршијата за половина час заличила на пустина. Занаетчиството и трговијата престанале да функционираат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)