полошо (прил.) - од (предл.)

Доста слуша натажена, дури се поразлигави малку. Се исекна неколку пати во шамивчето, што му направи голем впечаток на дедот Петка, ги забриша солзите и откако си ја кладе раката пред устата, потпрена на лактот и колената, отвори да зборува не полошо од дедовците: — Море, дејди вујко, дејди родителу.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А држењето за раце, рече тој, е многу полошо од која и да било друга причина за развод.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Клисарот Нестор им велеше: - Нека биде како ќе биде... Само да не дојде до полошо... - Зарем полошо од ова...? - му викаа тие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Скапа по затвори. Што има полошо од тоа!“ „Политички?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Момчиња исукајте ги сабјите. Ќе биде зло и нешто полошо од тоа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нема полошо од да се загубиш на излезот од шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе те турчи!... Верата ќе ти ја мени!... Во харем ќе те затвори и ќе те забули!... Каде полошо од тоа!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дали беше подобро или полошо од сега?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)