Понекогаш одеше во трапот кај Дрвото на умрените на кое луѓето бесеа алишта од умрени после секој погреб за покус да не умре друг од куќата, одбираше од алиштата и што ќе му се допаднеше облекуваше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Со цимерот Моне понекогаш одевме во ресторанот на „Ексцелзиор“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ме фаќаше тага. Понекогаш одев со ѓумчето и му потурував вода во грстот за да си фрли на лицето.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сега таму живееше некој човек во униформа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека ме водеше кон одделот, ми раскажуваше што може да стори една млада жена која ќе забремени, ако не е во брак, и ако оној од кого забременила не сака да се венча со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
По смртта на нашиот брат, Паулина, Марие, Роза и јас понекогаш одевме до зградата во која тој живееше сѐ до заминувањето од Виена, и погледнувавме кон прозорците од неговиот стан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш одев да го посетам на работа, а тој ден брат ми ме поведе кон еден оддел од болницата, за кој рече дека е таен, и постои надвор од законот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зошто понекогаш одат по површината на земјата, газат врз неа, зошто долгите крилја залудно ги влечат по сопствениот грб?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
оние што споро одат, стапало пред стапало, како да го мерат патот, како да ги тера бавен механизам - бавни се во сè; во реакциите, во мислите, во рефлексите, во постапките, во зборувањето; понекогаш одат толку бавно што ти се чини дека двапати згазнуваат со иста нога: како да гмечат или набиваат нешто под нозете; рацете ги држат до телото или во џебови; не се пулат во часовник; ги сакаат оние луѓе што одат исто така бавно како нив; спрема одењето го одбираат и патот по кој ќе одат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)