Голем Пат, пак, поправо тој би требало да се вика Широк Пат, наместа достигнува широчина и до десет метра, на северниот крај на срецелото се издвојува од Пазарџиски Пат и тргнувајќи право на запад, минува, од северна страна, помеѓу гумното на Дамчевци Џаџовци и, од јужната, помеѓу северниот ѕид на чифлигот Трпоски и авлиите на Дамчевци Мирчевци, Дамчевци Дамчевци и Бозовци Перуновци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Рушветот што го даде за Толета, половината го зеде на себе. Поправо тој тие пари ги даде од купот и сега поделија што остана.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)