Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда, работодавачот – незадоволен од истата, преку својот адвокат (Т.Неделков) – поведе второстепена жалбена постапка, но исто така жалби поднесоа и тужителите незадоволни од одмерените трошоци – па предметот беше препратен до Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
После изрекувањето на конечната одлука од страна на Врховниот суд на РМ, на работодавачот НУЦК – Битола му беше наложено, под страв од присилно извршување, во рок од осум дена, да го врати Митревски на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конечно, во јануари 2009, Врховниот суд го одби овој вонреден правен лек на работодавачот и ја потврди исправноста на прво степената и на второстепената пресуда во корист на Митревски. 65
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
После изрекувањето на конечната и мериторна одлука на Апелациониот суд, со која на работодавачот му се наложи да ги подмири сите обврски кон Костадиновска, и тоа во рок од осум дена, тој повторно ја игнорираше оваа обврска и пак не ја исплати оваа сума. Затоа, адвокатот на Костадиновска го упатува предметот до извршител (М. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конечно, во декември 2006, судскиот совет (во состав: м-р Љ. Неделковски – претседател, П. Попоски и С. Спасеноска – членови), носи пресуда со која ги одби сите поднесени жалби на работодавачот и на поранешните работници како неосновани, и ја потврди исправноста на првостепената пресуда, која во јануари 2007 стана правосилна и извршна.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)