А мирот постојано сака да го нарушува некој нов дробач-недробач Сакаш да ја отвориш вратата и да влезеш. Влези... не е заклучена!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тие нештата што може да ги користат ги гледаат во нивната нормална состојба.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Другиот вид е корисник кој се чувствува одлично кога е на Е и обичниот живот му се чини здодевен во споредба со тоа, не учи од тоа и постојано сака да го повторува доживувањето земајќи сѐ повеќе и повеќе.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Танаскоица, активирана како работничка, не само што ѝ беше убаво што работи, туку заради она еднаш што му го рече на Танаско дека Ќе дое ред, ки са виде! постојано сакаше да биде покрај Пелагија, ѝ се залепи како сенка, ако Пелагија вртеше на едната машина, таа вртеше на другата, ако Пелагија креваше вреќа, таа се појавуваше од другата страна на вреќата, ако Пелагија скокнеше во запрегата, таа веќе е до неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Па, зашто... ха, ха, ха, - не можеше да се соземе тој, - затоа што постојано сака на нѐ воспитува и превоспитува, како што таа мисли дека е најисправно.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Понатаму: Постојано сакав да ме истепате зашто бев сигурна дека никогаш не би можеле да го сакате мојот задник, но ако го истрескавте, тоа ќе значеше дека барем на некој начин сте го прифатиле.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)