постојано (прил.) - седи (гл.)

Постојано седам со устата отворена, како да ми е многу интересно, а всушност не можам да дишам од друго место освен од неа. Затоа изгледам како риба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не и го знаат името, ама додека објаснував кого барам едната жена на другата и рече да не ја бара таа жена која постојано седи надвор на столче и плете.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дрвцето внесе радост кај сите станари во зградите и постојано седеа на прозорците и гледаа во него како во нешто скапоцено, свето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но кога видела таа како тој постојано седи пред огледалото, и како постојано го пофаќа и проверува рокчето, како постојано мисли на него - го напуштила.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)