На платното ништо не се случуваше. Постојано нешто разговараа, никој со никого не се степа, никој не направи ништо смешно, филмот не беше ни малку страшен, ниту пак забавен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во стомакот и во кожата постојано нешто се бунеше, постоеше чувство дека си лишен од нешто на што имаш право.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Воздухот постојано нешто мрмори: може да нѐ фатат на легло, што се вели, натерани под земја, заробени од стравот, од себеси.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Постојано нешто твое ми недостасува, ќе ми вели Никифор Абазовски, како да не си сета со мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)