постојано (прил.) - нов (прид.)

Брзината и беско­нечната интерактивност се карак­теристики на таа структура, што значи дека погледите постојано се менуваат и постојано кршат, дека естетските стратегии постојано се расплетуваат на безброј страни, внесувајќи постојано нови информации и во својата желба да видат зад, а всушност сè повеќе празнејќи го телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Токму таа загуба на идентитетот на уметничките стратегии им допушта еден специфичен рез во телото и една специфична структура која сака што повеќе да се оддалечи од традиционалната физикалност на телесните ограничувања, како што се просторот и времето, која сака да се оддалечи од причинската или непричинската логика на прикажување и наместо тоа да обликува некоја нова структура: структура во која ќе биде можно учествување на далечина, која ќе биде од информатички материјал и умножена на безброј нивоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)