Ако, сепак, се прашувам јас, овој стариов со трпениево нема да го надживее младиот, кого секогаш можеш да го сретнеш повторно потаму во животот, како во песната „Остала си увек иста“, па остани во добри односи со него кога ќе се разидете и можеш да го имаш во резерва, тукуречи златна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Единствено небото кое се пружа мадро
не само над мене
ја знае вистината:
немоќно да се огледа во водите на земјава
снагата да си ја опфати и ликата своја
чекорот си го продолжува потаму
во безсознание надоврзувајќи се на себеси
без крај надоврзувајќи се.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Фактички, штиците ни се потребни и без нив не можеме да направиме ни чекор потаму во социјалистичката изградба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Има ли доброволци што сакаат да одат да растовараат? - праша Евдоксија, а потоа слезе од бината, отиде потаму во игралиштето и викна: - Доброволците да се постројат по двајца покрај мене!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Овде не го пуштија до огнот, ене го потаму во дворот, влегол во една дрвена барака... појдоа да му грабат штици!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)