Човек ќе се понадева да замине, ќе го побара мирот, а потоа тој мир еве го претвора него во суштество тапо и исплашено пред одговорноста на одлуката што им ја соопштил на другите, како единствена и целосна вистина, дека заминува, ни помалку ни повеќе, заради пишување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И потоа тој сè повеќе се разжестуваше бидејќи мислеше дека таа му вели „Неееееее!“
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Потоа тој ја стиша интонацијата на гласот, заслабе неговото ораторство, почна почесто да ја симнува офицерската шапка од главата и да го вади крпчето од џеб за да ја избрише потта од челото и на крајот престана да говори.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Прави свој календар од писоци. Писнува, смета полугласно некогашниот прв рабин, на 15-ти март, па на 17-ти, 19-ти, 23-ти, 27-ми; потем се априлските згуснати писоци: од 3-ти, 5-ти, 7-ми, 10-ти, 13-ти, 16-ти, 20-ти, 22-ри, 28-ми април.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа тој застана и со очите почна да разгледува наоколу. Немаше никој.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Вера фрли брз поглед кон младичот по гаќички за капење и потоа тој поглед претворен во искршено стакло го врати кон Пера.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ќе си играме и ќе ни биде убаво. Потоа тој ќе дојде кај нас...“
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Одев по книжарниците, одбирав што сакам да читам, потоа тој ја свршуваше работата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Можеби сакал да ги смири, да ги испцуе или да им се закани дека ќе се пресмета со нив доколку не се смират.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Вратата се отвора. Во пустелијата се урамува првин таа Неда и веднаш потоа тој Иван.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ние се обидуваме да ги вградиме нашите искуства за реалниот свет во симболите и правилата на математичкиот формализам а потоа тој формализам да го употребиме за предвидување на она што ќе се случи во иднината.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се мачеа да ја сочуваат ноќта, а потоа тој ги слушаше само нивните гласови, празни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потоа тој им ги смекна срцата, смекнат и самиот толку што веќе не се лутеше кога бабите го повикуваа - „Шпион! Дојди да ми напишеш писмо за синот“.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Потоа тој долго читаше за кабалистите според кои совршениот јазик се криел во азбуката на Тората, како симболичен систем кој требало да се декриптира.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Му се фатија на еден Кољо, тој за замена ми ги даде опинците.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа тој зборуваше: Другари, другари, верувајте јас ќе загинам. Не може тоа да ми излезе од глава.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Првин заедно го ископавме гробот, а потоа тој замина кај браната да го земе ќуркот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
дедото и двата внука или кукла играта за возрасни како воспитно средство во нивната адаптација кон современите услови на животот ...гледајќи низ прозорецот, постариот внук продолжува: фактот што шимпанзото, делфинот, желката од Галапагос подобро ги познавам од некои домашни животни, поточно јарецот и биволот, веројатно доаѓа од таму што уште од своето најрано детство, безбедно и долготрајно сум го гледал анимал зад решетки, потоа тој ист анимал на малиот и голем екран, во црно бело издание или во колор, во гро-план, слоумоушн, со стручен коментар и соодветна музичка илустрација.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Седеа така молкум неколку мига, а потоа тој долеа уште кафе и запраша: „Зошто претполагаш дека тоа ќе биде ноќва?“ „Така.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Веднаш потоа тој го извади приборот за сечење нокти од неговата розова чантичка, ѝ ги извади очите со малата турпиичка и се упати кон најгустиот дел од шумата, со надеж дека ќе се изгуби и никој повеќе нема да го најде.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тој беше потежок за возење и не беше толку интересен, затоа што требаше да се затрчаш, да туркаш со едната нога и потоа тој малку ќе повозеше, ама не многу далеку.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Имајќи го како пример Џојсовиот пример од “Finegans wake” и желбата на некој начин да го премине, тој повикува на “демилитаризација на јазикот”, т.е. на разградување на цврстите синтаксички структури со кои се оковани модерните европски вернакулари, на составни делови: реченици, фрази, зборови, слогови, гласови, за потоа тој новодобиен материјал да се организира со помош на “објективни” операции кај кои е исклучен слободниот избор и влијанието на вкусот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Веќе следниот момент тие се бакнуваа, а потоа тој отиде кај друга и пред очите на Ило неа ја бакнуваше.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ќе си играме и ќе ни биде убаво. Потоа тој ќе дојде кај нас...“
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)