право (прил.) - кон (предл.)

И другата поголема група се упатила угоре по стрмните шуми од позади, право кон Рајчани.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Право кон мене, како да сака јас да го заштитам.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И сега виде. Меѓу двете најголеми карпи на таа шпела се подаде едно огромно темно и распавтано клопче и, чиниш наттрчувајќи се со него, прибрзано и слизгајќи се по снегот, како во некое ужасно шегување со него, застанат сосема несигурен на таа лизгава нерамнина, - заминуваше напреку, право кон неговото јарче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да беше со мене барем уште еден човек, додека оној се чиктиса право кон мене, и кога сакаше да ме разнесе со своите секачи, сандакон сега немаше да ни биде празен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фрли, дури кога успеа да дочека да го види тој огромен ѕвер, со онаа ужасна тврдоглава тупост во секое свое движење, со една таква тупа решеност, во тоа како беше насочена кон него, пред која како да не постоеше никаква можност за скршнување, за отстапување, со една тупост, со која таа би продолжила да иде право кон него и кога би била мртва, на тоа место, на педесетина чекори од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко беше готов да излезе и да го земе утепаниот волк од под прозорецот, но уште веднаш, штом помисли на тоа, го виде како од зад првата сенка се подава и како почнува да лази кон неговата стреа прво еден друг, а само по еден миг шумата ја напуштаа ползешкум и се насочија право кон неговиот прозорец барем уште десетина такви долгнавести прилики со шилести муцки, безгласни и со подвиткани нозе под себе, многу слични на штуки, кога ќе се гледаат озгора во мочуриштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ние сме внатре во истрелано ѓуле и одиме неповратно право кон целта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едно Босанче така ни се откина од рацете и трча право кон бугарските окопи. Трча и паѓа. Не го крепат добро нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
– Баш ме интересира, – велам – дали овде функционира водоводот? – Не знам – вели. – Оди право кон бифето. Јас по неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А јас пари – како жабата влакна. Во најдобар случај, одвај за три слатки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога Винстон се сврте од пултот со подавалникот во рацете, забележа дека малото човече оди право кон масата на девојката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си изгледаше храбар и силен, и залудно досега потурнат и покорен, и бидејќи за ништо изгубил толку време, куц-куц, ни едно, ни две, туку се упати право кон софрата околу која седеа мутесарифот Абдула-бег, двајцата кадии и мулата, диздарот и неговиот кетхуда, ама и алајбегот, заповедникот на спахиите, па направи брзо темане, и на зачуденост на сите, без покана седна до нив на сеџадето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овците да се отераат, со луѓе и пазачи, уште пред стасувањето на војската, право кон Белград.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Итај право кон Сонцето Зауздај ги кочиите на Фаетон Итај право кон мудроста Совладај ја филозофијата на Платон Итај право кон родољубието Следи ги делата на Катон Итај право кон музиката Сакај ја песната на Шпато Итај право кон стратегијата Проучи ја реториката на шахот Не итај право кон бездната Одбиј ја трезно религијата на Ех(нато)он 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Гледаш од далеку јури локомотива право кон тебе, а ти, да те нема.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како карпата да беше тој самиот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но од свои причини, Французите не можеа да отстапат, па во еден момент едниот, а по него и другиот, се тргна назад, се фати за ременот од пушката, се вкочени и заповедно им го покажа патот што води право кон Ливаѓе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Влезниот ходник не беше послан туку беше гола земја врз којашто право кон катот се креваа дрвените скали со подјадени скалила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Застануваме. Децата излегуваат од автомобилот и се стрчнуваат право кон чешмата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А птицата навистина се претвори во камен, но не се устреми кон излогот на слаткарницата, туку почна да паѓа право кон Димче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неочекувано, надворешната врата се отвора и влегува татко ми: - Што правите вие двете мои нај-женски? – доаѓа право кон нас и ни се меша во прегратките. – Се галите, а?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Право кон езерцата! Таму беше потивко, ама имаше многу љубовни двојки по клупите и во тревата, се прегрнале, се гушкаат, се бакнуваат, а нам ни беше непријатно да им се моткаме наоколу и решивме да ги оставиме на мира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама каде да се оди за никој да не ти пречи и никому да не пречиш освен во третиот дел од паркот, во близина на Вардар?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)