првин (прил.) - бев (гл.)

Сето тоа првин беше обзнанувано со радосни извици, што ги подземаше сето поле, а потоа следуваа песни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За Татко најбитно првин беше каде и како ќе ги смести спасените книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По ослободувањето на Климент од Голи Оток, откако се нормализираа односите помеѓу Југославија и СССР, тој првин беше вработен како професор по француски јазик во едно основно училиште, а потоа беше унапреден како соработник во Државниот архив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така во ноќта на балканскиот покер во нашата стара куќа крај реката Татковата судбина се разграни во два правци: првин беше повикот на пријателството на Климент Камилски и потоа потрагата и откривањето на битолските кадиски списи, познати како сиџили, на кои им остана верен до крајот на својот живот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За таа цел ја избра просторијата десно од чардакот со големи ромобоидести прозорци од кои се гледаше реката и тврдината Кале, над Еврејското Маало.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа Татко реши да се вмеша, впрочем, така и беше решено да се работи, низ спротивставување на мислењата до заеднички заклучок: Претходниците на османските јаничари беа римските преторијанци, кои првин беа регрутирани од Италија, а потоа ќе се најдат во неа војници од странско потекло како Балканци, Шпанци, Германци и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин беа на јуриш „освоени” главните западноевропски амбаса­ди во Тирана од илјади млади Албанци кои бараа визи и излез од Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Искусниот Месади, првин беше резервиран, од страв некоја од потврдените партии и лидери да не крене превисоко глава, па да го загрози претседателот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првин беше крвта а потоа под сончевиот насмев на опашот долго трепереше земјата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во Федерацијата првин беа резервирани кон странските новинари, но, на крајот мораа да попуштат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)