првин (прил.) - треба (гл.)

Само првин треба да почекаме да се заборави ова што стана со него и со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но првин требаше да биде задоволена неговата прва желба, за што, впрочем, и беше дојден во нашиот дом, да ги види Татковите книги, во ѕидовите на чардакот и во Татковата работна соба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да успееме, ние првин треба да го дешифрираме и разбереме Балканот, а потоа да ги зближиме толку разединетите народи на етничка, верска, јазична и друга основа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- За да сфатиш и најситно делче од моето кажување за нештата, првин треба да се потсетиш на начинот на настанувањето на светот – зборуваше старецот понесен од здивот. – Во Земјата и во нејзината пролет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Вака - никој не те гледа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Е, Марко, Марко: легни си и - кмиши...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Не, првин треба да се измијам и да се преоблечам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За да се дојде до падините на ридот врз кој се извишуваше тврдината, првин требаше да се мине Дрвениот мост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А не сфаќа дека за да го пронајде она што го бара првин треба да се пронајде себеси“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Првин требаше да се мине воената, па полициската граница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првин треба да се исчисти снегот, а снегот висок до пазуви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)