И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Камерата прво ја прикажува мојата зграда на 1743 Пердју Авенју... Рез!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Промуќурната Рада однапред го знаеше секој потег на Ружа, пред да ја скине китката таа прво ја чистеше од трњата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)