првпат (прил.) - ги (зам.)

Татко ми првпат ги коментираше зборовите на спикерот, во мигот кога се спомна козите на Козар маало: – Па во Козар маало живеат најсиромасите, затоа овде и има најмногу кози... Но кој да го слуша татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Будимпешта, низ која тече Дунав, е посебно доживување за оној што овде првпат ги доловува нејзините силуети и сиот град, кој се протегнувал на близу четириесеттина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нашите луѓе, осем тие што првпат ги заслепува богатството од стоки, сѐ почесто се среќаваат во стоковните куќи, каде што се продава по фиксирани цени, или во магацините, каде што тоа е веќе одамнешна практика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега, по толку години, Бојана првпат ги зеде со радост в раце и ги загледа една по една.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако првпат ги чув со убави зборови за тебе, најмила клетва за тебе ми стана да си речам: „Пандо, Пандо, да би од убавина не куртулил да не куртулиш!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И се случи. Миракулата. Отец Кирил извади од под ризата тринаесет мали листови од книга, и на сите исто беше нацртано: две нешта што првпат ги видеа очите наши, оти не постојат никаде на светот сочинет од Седржителот; како од друг свет да беа дојдени, измислени сосем.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Мило, се плашам дека сѐ повеќе наликувам на кучкана на Кавракови што најмалку два-три пати годишно наидуваше по каменливата патека а знаев дека не доаѓа по сув краешник. Не ја водеше гладта“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како во моментите кога за првпат ги наслушнував оние нејасни приказни со кои мајка ми се обидуваше да ја искаже осаменоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како биле запознаени со овие техники на комуницирање, и кои ситуации за првпат ги довеле до ­примена на тие техники?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали некогаш порано биле сведоци на такво однесување?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пред тоа првпат ги сетив и ги видов во матното напукнато огледало двата песји заба што скоро ми пречеа да на држам устата затворена.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш, во тој ден, на ручекот, за првпат ги видов мајка ѝ и татко ѝ, братот, снаата и двете нивни машки деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа се сврте кон Рајнер. Рајнер стана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега за првпат ги кажувам гласно,“ рече, ја сврте главата кон напукнатото огледало на ѕидот и му се поднасмевна на својот лик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И, последното, кога бакнежот е, всушност, разделба, како засекогаш да се разделуваат од нив, а многумина првпат ги гледаат во животот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По три години откако првпат ги чув овие зборови, во манастирот дојдоа тројца комити.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За првпат ги среќавам Кид Таломајд и Св.Витус во Поп-Видео Аркада (Попс Видео Arcade) во подземјето на Минеаполис. Ми земаат неколку долари за жетони и играат две-три игри од „Симпсонови“, неколкупати ги притискаат копчињата и на резултантната табла ги добиваат броевите еден и пет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се грбавеше врз тркалезните сплескани пари небаре првпат ги гледа, и со здржан кикот, ѕверејќи се спрам ридовите, ја вртеше парата и читаше во занес: „Нека му биде победата славна - сечено во Кратово”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Инаку, веднаш да објаснам: разговориве што досега ги водам пред вас забележувајќи ги на хартијава, за првпат ги водев со себеси вечерта додека брзав за да втасам на време на онаа втора визита кај Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури потоа многупати или постојано ги повторувам или преиспитувам тие разговори во себе. Ги учам напамет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но Трајче, без да ја каже вистинската причина, за првпат ги одби.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А таму, високо, цел свет - животни што првпат ги гледав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Изгледа поради тоа што беше висок таванот не успеале да ги избришат како што ги имаа избришано оние по ѕидовите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гости имаше и по сепарињата. Многумина од нив дури и за првпат ги гледав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, девојките од горниот кат не беа помеѓу покананетите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секоја вечер седеше пред неа како пред божество; запишуваше нешто во бележникот; заокружуваше имиња на места кои првпат ги слуша; и се разбира, патуваше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Првпат ги гледам со толкав очај и страв.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така ми се причинија и овие нешта што Игбал ги кажа за ткајачите и разбоите, можеби и затоа што првпат ги слушнав тие зборови и сè дотогаш не знаев дека килими можат да се изработуваат на тој начин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)