првпат (прил.) - му (зам.)

Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- А сега млада дамо... - Томо! - тогаш првпат му го изговори името.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таква ја паметам мајка ми од она време кога ќе ја заварев седната до потокот на оној син камен што можеби војникот на бел коњ го дотуркал. (Кога го спомнувам војникот на бел коњ всушност мислам на човекот кој ја качил на планинава а никогаш не ја венчал!) А можеби каменов го дотуркал таткото на тој војник на бел коњ кога првпат му се посакало седнат да си ги лади нозете во потокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Идејата првпат му падна на ум, всушност, кога го замисли стаклениот тег за хартија како се огледува на површината од масата на расклопување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш за првпат му кажа дека само со силата на својот збор ќе успее да придвижи многумина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За првпат му допре до свеста големината на она што го преземаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- А не може ли со овој? -праша едно од момчињата кое седи настрана и на кое досега за првпат му се слушна гласот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја замолив мајка ми да ми каже кој точно го дотуркал каменот, а таа се насмеа веројатно изненадена и самата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)