Во овој случај поумесно би било да се остави одредена временска рамка (48-72 часа) за тој тоа да го стори, како во иднина би се избегнале ваквите непосакувани ситуации за работниците при засновање на работниот однос; ● со додавањето на новиот ст. 11 кон чл. 13 се предвидува дека доколку на работникот му престане работниот однос, работодавачот е должен во рок од 8 дена(!) од престанокот, да го одјави од задолжителното социјално осигурување, а во спротивно тоа може да се стори по барање на работникот, а врз основа на претходно доставен записник од инспектор на трудот доставен до АВРМ (чл. 1 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)