Му се чинеше природно и неминовно таа да биде мртва бидејќи никогаш повеќе не ќе може да му биде сопруга и беше невозможно да биде жива, а да не му биде сопруга.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Умираш симболично
повеќе пати
живееш стократно повеќе
имаш безброј животи
безброј ликови
и сето тоа е - природно
и нормално
и по сето тоа се будиш
наспана преродена
за да можеш да поднесеш
уште неколку стресови
сѐ до следното
паѓање во сон.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Што знаеја другите беше јасно само по себе - дека тој се стреми кон извесна рехабилитација, што е сосем природно и разбирливо.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)