Како кога во игротеката ќе застанеше крај импровизираната кујна: таман ќе почнеше божемски да ги мие садовите, девојчињата кои притоа мораше да ги избутка за да дојде до лавабото застануваа до него наредени како пивски шишиња и со чудење го гледаа.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Притоа мора да се внимава на многу нешта, на пример, на длабочината на вербата, на доживувањето и кажувањето на стиховите, на тие звучни синџирчиња, на тие проѕирни вирчиња, треба да се внимава на редоследот на вокалите, акцентите, паузите, на отворањето на устата, на положбата на главата и ставата при рецитирањето, итн.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ти еднаш мораше да ги отвориш очите и притоа мораше да одиш до крај. Но, не ти чинеше она, понатака.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)