Жак Лакан радикално го пресвртува раширениот став за жената како пасивен, а мажот како активен елемент.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Врежување, прободување, саморанување и исцрпување на телото во секаква форма го прават основниот репертоар на постапки со коишто овој модерен примитивец од Лос Ангелос се служи во своите театарски остварувања.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ако неговата прва посета на овој град помина скоро незабележана, овојпат градот, со сиот свој сјај, му укажа гостопримство на уметникот чии идеи радикално го изменија курсот на уметноста на двеесеттиот век - не само во Италија, туку и во целиот западен свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во своите размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Не го разбирам овој град“, пишува тој, „каде што сѐ патува освен гулабите.“ (1) Околу 67 години подоцна, со отворањето на големата изложба на неговите дела во Палацо Граси на Гранд Канал, Дишан - во извесна смисла - се врати во Венеција.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ворхол, меѓутоа, не ја одбиваше само моралистичката елипса на Холивуд, туку во своите филмови радикално го негираше и елиптичниот филмски израз не користејќи монтажа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во таа смисла маратонските бакнежи во Kiss можеме да ги сфатиме како потсвесна реакција на ограничувањето на траењето на бакнежот со Хејсовиот кодекс во американскиот комерцијален филм, а насмеаниот егзибиционизам во Couch како реакција на неговиот пуритански дух.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)