„Тоа, женска!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Делото на целата машка геј-културна политика може да се сумира со една, едноставна формула: трагедијата да се претвора во мелодрама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“ Ова мелодраматично бодрење не искажува толку визија за солидарност меѓу геј-мажите и нивните лезбејски и феминистички сојузнички колку што упатува на облик на камп-солидарност меѓу самите геј-мажи, облик на солидарност што може да ги признае – и да ги мобилизира политичките енергии на – женствените идентификации на геј-мажите, вклучително и на женствените идентификации на филмските кралици и обожавателите на Џуди Гарланд, каков што бил Вито Русо.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“ е токму она што другарите на Вито Русо можеби ќе му го речеле онаму кога, речиси со смртна воздишка, некако смогнал сила да го прекори градоначалникот Динкинс.
Токму поради тоа што ваквите идентификации зависат од настраноста на геј-мажите што ги вршат, а не од стварниот родов и сексуален идентитет на жените со кои тие геј-мажи се идентификуваат – а и токму бидејќи таквите настрани идентификации, затоа, не претпоставуваат однос на идентитет со лезбејките и со феминистките со кои некои геј-мажи сакаат да прават коалиции – ете токму затоа таквите настрани идентификации можат да станат поаѓалиште за ново договарање на политичките соработки меѓу различно поставените групи и со тоа можат да водат, според Кримп, до „ширење на сојузите, наместо до зголемување на спротивставеностите“.325 На тој начин, можеби, и би можело да се оди подалеку од само претпоставката или „мечтата за коалиција... (што) ги заобиколува процесите и практиките што би ја овозможиле таквата коалиција“.326
Тоа е она што сакам да го кажам за политичките употреби на Џоан Крафорд, а и поопшто на мелодрамата на жените, од страна на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)