Таа рамномерно и рамнодушно се движеше по улицата надолу, чиниш во улога на манекенка којашто пловејќи по пистата сака да овозможи да ги покаже сите свои примамливи привлечности што креаторот сака да ги истакне.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дали и тоа ја доживеа проодноста на пролетта, се уште расцутена и росна во мојата свест или во моето срце?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Усвитената зеница на синото небесно око рамнодушно се вргалеше во пустелијата на која бев.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Суровост на Господа, во чија чест девиците опиени од дрогата и звукот на тапаните рамнодушно се фрлаа во бездната, тој, синот негов, ја наследуваше во генот, па неговите поданици ја примаа како боженски дар.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)