Улогите всушност се свртуваат: бидејќи авторот само ја вклучува (речиси во сите Ворхолови филмови камерата е фиксна за време на снимањето), тој станува објективен и на самата машина (низ грешки) како и на учесниците (низ инциденти) им дозволува одредена субјективност. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 99
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Улога на камерата Улогата на камерата во Ворхоловите филмови е радикално променета во однос на нејзината конвенционална употреба: таа веќе не се сфаќа како неопходно објективна направа што ги бележи субјективните замисли на творецот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Возот пристигна речиси во секунда.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Иако вренеше снег, патот беше чист и така речиси во првите попладневни часови се најдовме во убавата Прага, расечена од бујната вода на познатата река во историјата на чешкиот народ - Влтава.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Единствената работа што ја знаев беше новинарството; така, во 1979, после година и пол свинска работа, L.A. Veekly и Los Angeles Reader почнаа да работат, речиси во исто време.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Каталепсии или некакви типови сомнамбулизам во одредени периоди постојат речиси во сите животи.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Гронинг: Да. Постојано бев преокупиран со него добри пет години. ?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ова е еден од најтипичните примери во кои вештачки предизвиканата визија речиси во целина е пренесена како содржина во книжевно дело, и каде односот помеѓу дрогата и творештвото е очигледна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Доста добро се меша со Екстази и кога почнува да се расчистува, некои луѓе тврдат, ефектите исчезнуваат речиси во истиот момент.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Покрај тоа, речиси во целиот јавен сектор се воведени уште поригорозни услови за отпочнување и/или организирање на штрајк од оние што се предвидени за останатите дејности.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тие два расказа, или тие две приказни, јас ги чув кога бев дете, ги прочитав запишани од друг во второ време, ги запишав самиот кога остарев, речиси во трето време.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Исто така, овој историски поглед покажува дека речиси во сите времиња се забележува силно работење на народниот дух врз културно-историска основа, резултат на која се јавува образувањето на силна македонска држава од царот Самуил и богата народна литература.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ова е промена што се провлекува низ целата наша култура, промена која значи оддалечување од облиците и навиките на печатена страница, во правец на “terra nova”, промена речиси во целина водена од електронските комуникации.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Не е значи случајно тоа дека речиси во сите пост-комунистички земји постои тенденција за отстранување на жените од работното место и повторно враќање во семејството.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тие не им веруваа: - да имаш две кутренца речиси во центарот на градот каде што не може ни пиле да се чува, - е, тоа е неверојатно.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Не обрнуваше внимание на честото сушење на устата, сѐ додека еднаш, речиси во кома, итно беше пренесена во болница.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Добро! Ја прифаќаме понудата, - речиси во еден глас потврдија двете дами.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Излезе во паркот и речиси во секунда ја испуши цигарата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како ќе се снајдам да излезам од глибов? - речиси во исто време кон неа беа пружени четири раце кои ја извлекоа и и го покажаа вистинскиот пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Само што се оддалечи двете другарки речиси во исто време земаа воздух и подзинувајќи започнаа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јана продолжи речиси во монолог - Ова второво, синово, е поважно и од првото, ќе го отвориш веројатно подоцна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Големиот Томо речиси во миг се смали.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Боже, како слоновите, речиси во ден го претчувствува своето заминување. Но, не изусти ни збор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете оттогаш, од ова време минатата сабота, откога го донесоа Лазора помешечки испружен на кочијата Дамческа и го искачија во гостинската одаја Акиноска, трае оваа возбуда во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ја немаше онаа врволица луѓе која постојано нешто продаваше или купуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
3. Една година подоцна, речиси во истото време, Ѓувезија Дубровска се врати во Аванос.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Мојата врска беше линијата Порт де Ванв и речиси во истиот момент во првиот ходник сфатив дека Паула (дека Офелија) ќе тргне низ ходникот што води до врската на линијата Мари д Иси.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Повторното освојување (reconquista) на Севилја, Кордоба и Гранада во XIII и XV век, по владеењето на берберската цивилизација, на Алморавидите и Алмохадите, кои во Шпанија опстанале речиси половина милениум, ќе ги стави муслиманите, но и Евреите речиси во незамислива положба: ќе следи мачен период на војни, прогонства и масакри.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Речиси во секое семејство ширум низ Османското Царство постоел различен начин на подготвување на овој плод.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски овој турцизам од арапско потекло го наоѓаше во балканските јазици и многубројните дијалекти со речиси константна семантичка основа, но и со дополнителни значења коишто се надоврзуваа на основното, не можејќи да имаат таква функција во придружните значења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, на изненадување на Камилски, пред да го толкува поимот гурбет, се задржа на османизмот srgn, присутен во балканските јазици, со незначителни модификации, но со главно значење на прогонство, односно протерување од земјата: Во времето на османското владеење на Балканскиот Полуостров, но и на сите територии на Империјата, се вршени често принудни, но и доброволни преселби на народи од еден крај во друг.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Прв на нишан беше зборот инает, преземен, на турски inat, од арапско потекло (на арапски inayetçi, на турски), присутен скоро во сите балкански јазици речиси во ист облик (inati на новогрчки, хинает на бугарски, inat на романски, на албански, на српски јазик итн.).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тие морале да се преобратат во христијани или да ја напуштат родната земја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сигурно постојат имиња на многу јадења кои не допреле во речниците, останале во семејната меморија, преживеале, како и тикушот, или исчезнале засекогаш...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски ќе забележи и солиден број заемки за називите на јавни градби, градени уште од времето на Османската Империја кои останале и со денешна употреба речиси во сите земји на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XX Татко и Климент Камилски, предадени на заедничкиот проект во одбрана на мајчините јазици од старите отоманизмиосманизми, се најдоа речиси во невозможна мисија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така Татко во новата серија турцизми (гурбет, сургун, гајрет, гајле и беља), предност му даде на зборот гурбет, со потекло од турскиот збор kurbet (а тој од арапскиот збор gurbgurbet), присутен речиси во сите балкански јазици со ист корен, а со мали модификации, со широка гама значења: живот и талкање по туѓина, заминување во на печалба, осамен живот во туѓина, егзил...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меѓу називите за разните јавни објекти тој ги издвои следните: амам, стара турска бања (од турски hamam); ан, хан (од персиски han); карван-сарај (од персиски kervansaray); конак (од турски konak); механа, меана (од литературен персиски meyhane); кафе, кафеана (од арапско- персиски kahvehane); топана, место каде што се изработувале топови, склад на муниција); кале, тврдина, град (од арапски kale); кула, тврдина, висока беговска куќа (од арапски kule); бина, голема зграда, куќа во изградба (од арапски bina); тарапана, место каде што се коваат пари (од персиски darbhane); апсана, апс, затвор (од арапско-персиски hapishane).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Речиси во сѐ беше едноставен, а кога ќе запееше некоја борбена песна, тогаш стануваше чудесен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Набргу децата и предметите во домот речиси во сè беа изедначени, тешко беше да се одделат едни од други.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сам со судбината Во такви услови, речиси во последните години на својата бурна историја и Шарл Де Гол бил обземен од истите чувства.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во пределите на Добриот `рт каде што се упатува нашата дипломатска ескорта се наоѓаат живи остатоци од неолитот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И речиси во секој премин на цивилизатори или варвари не престанало да се убива, да се масакрира, да се владее...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да не бил никогаш во Цариград Знаев дека речиси во текот на целиот живот ми остануваше потрагата на татковата тишина како облик на живеење, на откривање моменти од неговиот живот кои засекогаш останаа отворени дилеми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Речиси во сите фази на напредувањето на Али Фетхи, подоцна наречен Окјар (стреловита мисла), од страна на Мустафа Кемал Ататурк, во знак на неговите реформи, баба се надеваше дека еден од синовите ќе биде прифатен од нејзиниот полубрат на висока позиција, па потоа и сето семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И тие што ме подготвуваа ми кажаа дека сè убаво било изведено а тие претходно се плашеле да не ме фати трема.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тој скеч речиси во сите градови го дававме со успех.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И речиси во истиот момент трас !
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Гледај!“ шепна Џулија. Еден дрозд слета на гранката ни пет метри далеку од нив, речиси во висина на нивните лица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Речиси во истиот момент тој потона во длабок сон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Речиси во истиот момент го испушти на таблата со тресок. Потскокна како игла да го боцнала.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Една игла се зари во надлактицата на Винстон. Речиси во истиот момент блажена, лековита топлина му се разли низ целото тело.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше спротивно на тенденцијата кон механизирање, која стана квазиинстинктивна речиси во целиот свет и, уште повеќе, секоја земја што остануваше индустриски неразвиена беше беспомошна во воена смисла и беше осудена да падне под доминација, директна или индиректна, на своите понапредни противници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ја гледав како прв пат да ја гледам: нозете ѝ беа необично долги и складно пополнети, со правилни облини кои повторно го раздвижија кај мене за миг замрениот механизам; првин морници ме полазаа по снагата, а потоа бран топлина ме облеа, како плиснат пламен од градите кон лицето, на челото, по темето; се испотив и речиси во истиот миг потта ми олади, се здрвив.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Всушност, јас и немав време да размислувам за тоа бидејќи со Ема речиси во истиот миг, кога се зароди таквото љубопитство кај мене, јадевме јаболко што таа го зеде од првата фиока на своето биро, го забриша вртејќи го неколку пати во дланките, а потоа силно го стегна со палците во вдлабнатината кај шишката и го преполови.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На известувањето двете, речиси во ист глас, со кикотење му одговорија: „Ти си мачор чорбаџиски.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
При седнувањето судијката ме погледна право в очи, речиси во исто време кога адвокатот ми се доближи до увото и ми шепна нешто неразбирливо.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Така, тој живееше речиси во катови, цел ден носејќи некакви неприсутни слики в глава додека ги гледаше присутните, и предвидувајќи ги новите со точност што зачудуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таа беше убава. И, речиси во сѐ успеваше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Јас и Бил се согласуваме речиси во сè, освен во една работа: тој смета дека неодамна требаше да ја викне Кери Вошингтон како гостин во своето шоу, додека јас мислам дека тоа требаше порано да му текне и почесто да му текнува, барем до промената на власта (во Бушовиот режим Кери е лута опозиционерка, а лутината преубаво ѝ стои).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Овој лик е присутен речиси во сите или буквално во сите досега објавени осум книги од Луановата „Балканска сага”, но сега, како да се здобива со статус на одделна целина, на една автономија на достоинството па, се извишува налик на биљур врз поворката од останатите впечатливи јунаци на оваа проза.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Низ животот на Мајка, кој се одвиваше речиси во целиот тек на дваесеттиот век, се збиднаа и балканските војни, Првата и Втората светска војна, раѓањето и падот на комунизмот на Балканот, како и она на сталинизмот, распадот на Југославија, создавањето на Македонија, транзицијата од социјализам во капитализам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се работеше речиси во ледена клима, во карпести предели, во кои никогаш не се копало откако е создадена мајката Земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Уште кога беа спомнати раните плодови, мислам дека Самоников ја сфати пораката, или ако сакате метафората за брањето, што симболизираше нечии судбини гравирани со знакот на минливоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Овој разговор се водеше помеѓу Зрновски и Јана пред да ѝ го постави Зрновски она провокативно, а по мое мислење и неодмерено прашање, дали ѝ се допаѓа новиот млад пријател и тоа во присуство на Самоников, а Јана речиси во истиот момент со прстот нерешително покажа кон мене, како да избира помеѓу многумина, и покажувајќи кон мене таа всушност ја крена раката за да го скине јаболкото, си реков и сетив дека црвенеам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Барем она нејзино: добра ноќ! (А тој, секогаш си замислува дека таа го следи речиси во чекор, па затоа постојано е во очекување да му се јави).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А потоа, речиси во моментот кога зачекори во прозорецот, видов како влезната врата на Уредот се отвора.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И токму тогаш кога се чинеше дека непопустливоста кај Стојна надвладеала, таа му се искубе од рацете, втрча во полумрачната соба зад тремот, и речиси во истиот момент се покажа на прозорецот сосема подготвена, а веднаш потоа почнаа да го изведуваат она за што толку долго се канеа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И покрај наклонетоста на професорот кон таканаречените злослутни поединости тој не можеше да го предвиди настанов што ќе се обидеме да го опишеме бидејќи тој се случуваше, според наодите на службите повикани да ги расветлуваат ваквите настани, речиси во истиот ден а можеби и момент додека Седларов го презентираше својот труд за наездата на сенките во спомнатата симпозиумска расправа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тоа го забележа речиси во истиот момент кога го тргна погледот од сенката што исчезна.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На вакви согледувања наидуваме во „Птици”, во „Психо”, во „Вртоглавица” како и во „Ребека” и речиси во сите Хичкокови филмови.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Бев свесен дека патот кон реалноста, патот на храброста води секогаш кон другиот со кого е можен излезот, во нашиот случај излезот од балканскиот лавиринт.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
XXVII
Речиси во секоја порака што ја добивав од Елен Лејбовиц, таа секогаш на преден план ја ставаше одбраната на моето пишување за балканските настани од призмата на стратегијата на преживување која се криеше во татковите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Брзо, речиси во трчање, го напуштив местото на настанот. Со возбуда стигнав дома.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сталин и Водачот се речиси во содржината на секоја индивидуална и колективна песна.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сталинизмот речиси во самиот пејзаж на албанскиот дел ја беше идеологизирал и самата природа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Оваа година, десетгодишнината од смртта на Борхес беше пригодно одбележана речиси во целиот свет, повеќе или помалку.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Хаиме Aласраки Margina #32-33 [1996] | okno.mk 205 За борхесовата смрт: НЕКОИ РАЗМИСЛУВАЊА На 14 јуни 1986-та година, околу 4.30 попладне, токму работев на еден долг есеј за Борхес за Латиноамериканската енциклопедија на чарлс Скрибнер во својот дом во Сариа, кај Барцелона, каде што поминав една година предавајќи на Автономниот универзитет.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Заѕвони телефонот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа беше Марија Кодама.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Зарем ќе му кажеш? - речиси во еден глас сите ме прашаа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Едо брезничанецот се појави од уличката речиси во исто време како и претходните денови.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во Охрид отиде речиси во навечерието таканаречената туристичка сезона.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Така тетка Перса слушна дека армасникот на Деспина е оној што на времето нашарал една молба до властите по која молба тие и го добиле станот во Чаир, а откако си заминаа, речиси во самата квечерина, Пелагија ја дополни приказната за Атанаса, за неговата мајка Вета која со години еднаш во неделата го изодува патот од Мичурин до гробиштата каде што си поплакува на гробот од ќерката која со дваесет и две години си заминала уште во педесет и втората.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Речиси во исто време влегоа во Грција.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стигнуваме двајцата речиси во исто време, со мала предност за мене.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А еднододруго се и речиси во ништо не се разликуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тоа е мода: го прогласиле „Зизи топ”, за прва лига место за забава и сите млади таму навалуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)