Сега само верувам дека среќата ми била многу поблиску мене и сакам да ја испитам уште еднаш, тоа е сѐ, што ми останува, и јас еве доаѓам по тебе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)