само (прил.) - молчи (гл.)

Со векови само молчи една кула, едно камено око: Ниту страхува од нешто – ниту се надева на нешто.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А ти само молчиш, шеташ со погледот, препишуваш некој древен неосквернат ракопис на изчезнување.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Потем лежевме под едно дрво и пушевме; тој пушеше и гледаше во небото; сонцето беше високо, сјаеше и денот беше доста топол; лежевме и само молчевме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓу Германците има еден помлад човек кој само молчи и погледнува во мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој во одговор само молчеше; ја положи десната дланка на левото срце, го рашири лицето во срамежлива насмевка, не насмевка на задоволство туку само на благодарност, па се изгуби во својата сива заднина, во која не се разликуваше земја од небо, кал од камен и трн од глог.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ѓорѓија само молчеше и јадеше, не со сласт, бидејќи му се мешаше дури и во тоа колку шеќер ставаше во чајот: - Шеќерна болест ќе добиеш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија не се двоумеше и ѝ рече да влезе, да се напијат по едно кафе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Напразно вие вашиот сосед, негоцијантот, го сомничите во лошиот мирис...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас само молчев и се смеев.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го гледам така, секој ден увилен, само молчи и само се сука. Стои задуман и ништо не му се работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)