— Е, добро, добро, така нека биде, само мене се нешчо ми зборуа дека и на ним треба да му се помогне — заврши Толе; а локомотивата го успори своето бегање.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога слегов во холот на хотелот забележав дека само мене ме чекаат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Додека јас го читам писмото, во офф одекнува гласот на сестра ми Фелон следен со мелодраматична музика: „Драги мој брате Стивен Керингтон, Овде во Денвер е лудо и незаборавно и штета што те нема да шизиме заедно, а не само мене живец по живец да ми корнат... Во превод: полудевме!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ама ако е сам, може е некој чудак, или будала, ама, ме свиѓа, му ја чувствувам хемијата, и оној тик го има само мене кога ќе ме види. Инаку, не трепка со другите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Правеше милијарда мали и големи планови: сакаше да отвори фарма на печурки, оти за тоа, велеше, не треба никаква инвестиција, а во куќата на дедо му имало и онака доволно влага; правеше секакви планови и само мене ми ги покажуваше, а од секој план требаше да произлезат многу, многу пари.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Гледам сите околу мене се среќни и весели, а ја чурук. Само мене све нешто ми смета.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можев само да маневрирам, да видам оти транспортерот само мене ме следи!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако може така само мене ми се чинеше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)