Расеан низ логорите на северот каде што не се пробива ни здив од медитеранските ветрови по кои сега копнее и тој. Во оваа студена пролет на надежната 1945 која го полага својот априлски вел презаситен со мириси на билки и брмчење на инсекти, онаму, надвор од тријажната станица во која на валкани чаршафи, пред очекуваното ослободување на логорот Берген Белзен - лежи Цви Корец.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)