Зад мене е Гупешкиот манастир, се гледа само големиот покрив.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Гол, секако бил штрклест, танконог и со ковчести бранчиња на градите, во тешката облека можел да биде само голема и долгнавеста бовча на која некој заборавил загрижена глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На 11 февруари се избира селанец, крал и кралица, и тие се главните личности на карневалската поворка која се организира на секој 13 февруари, а во неа учествуваат неколку десетини илјади граѓани сите во разновидни носии, кои може да ги замисли само голема фантазија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Цел Се стремев да стигнам до Совршеното. Го најдов само Големото Ништо. Ништо - Ти си Совршено
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ѝ подарувам срцевина од лале, ја остава Сенката зад себе, и заедно лебдиме кон Големата Бескрајна Светлина!
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не се дорекол. Гавруш Пребонд сепак знаел што сака тој да каже.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)