Речиси јас сум сигурен дека поголемиот и поодговорен дел на мојата личност беше само нем сведок на насатанот за кој ќе стане збор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
За тоа време Лилица лежеше помешечки (некој, дали тоа беше Андон или Азра? – таа не можеше да знае, силно, со сета тежина беше потпрен на нејзиниот лев бут) и со едвај отворени трепавици можеше на елипсастото огледало со масивна дрвена подлога на наткасната од креветот да види дел од лицето на Андон: неговите очи, замижани, силно стегнати во грч, неговата издолжена, кучешка муцка и широко отворената уста која како да сакаше да каже нешто многу, и нешто важно, но наспроти тоа таа беше само нем отвор низ кој се истушуваше нешто низ гркланот, а доаѓаше одоздола, од душата, од нешто што таа не можеше да го види на огледалото.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)