Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
4 На неодмрзнатото небо се движеа на свое гумно девет орли, се лизгаа со вкочените крилја по сивотијата и беа слични на дршки од секири во бавен вир на река што негде, на патот, бришела варовник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лежев сраснат со грб за земјата кога Марко Марикин, самарџија, абаџија и некогашен црковен пејач, човек што има за сѐ свои и само свои причини, малку разбирливи за другите, почна да се смее и да се удира наведнат со дланки по колениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)