сега (прил.) - чека (гл.)

Ете, неколку стихови од Буковски, кого инаку премногу не го сакам, случајно пронајдени на страниците на едно правливо списание, станаа ненаден, но очекуван завршеток на книгата која сега чека во фиоката на издавачот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Реков разбирам и сега чекам таа да се врати... Разбираш?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како ли го засакав момчето? Посакав три желби и сега чекам да ми се исполнат. Изгубена сум... ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
СОЊА: Сега чекаш да си одам? (Пауза) Свршив работа, што уште седам? (Пауза) Барем пет минути да седнеме без нешто да очекуваме еден од друг. (Пауза) Кога ќе завршите?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Испративме писмо до југословенската амбасада во Москва и сега чекаме виза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)