сега (прил.) - и (сврз.)

Сега и директивите како да папсаа. На радиото ги немаше поранешните апели против козите придружувани со револуционерни песни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одбрав да се копа на моја земја, на мое место, тука над куќата, во некогашното мало лозјенце, но објавив дека ќе биде тоа сечиј бунар, дар за Маказар во најсушната година, вода за луѓето сега и за поколенијата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Глава не крши секој - еден е Марко. И глава не се крши секој ден.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Докторката се насмевна: „Ете ти, сега и херој сака да се прави.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ти конечно ме бакна, и како и овие дождови и секавици, како и овие ветришта, ме окова за себеси, и тоа што веќе меѓу нас се случи сега и Бог - господ не може да го спречи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Е сега и таму имало многу интересни фетиши на кои можеш многу пари да фатиш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Средбите со таквите луѓе му ја одржуваа надежта, му го спасуваа животот. Таков беше сега и другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Одврзи ја сега и остави ја! - рече дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така. Тоа се работите околу поемата што ја чинат прилично...надвор од сега и од тогаш“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На потсмев голем беше изложен отец Стефан Писмородецот (сега и од тука натаму Лествичник), и јас, иако не можев да го сакам, сепак го сожалував, оти од височини највисоки падна, како црн ангел согоре и се пеплоса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Сѐ е в ред со Огнена – му го слушам гласот - а сега и коњот да го ослободиме од незгодата - додава и се оддалечува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А сандакот? - прашува Огнена и гледа кон столарот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сега и довека нарачан со Божјо име Захриј, послушен до гроба, безмолвен раб на Бога.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пак и да се допушти оти востанието тогаш ќе биде и посилно од сега и ќе ја принуди Европа да свика европска конференција, може ли некој да предрече оти решенијата на таа конференција ќе бидат во наша полза? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа може да им се забележи на оние што велат оти никогаш немало македонска народност. – Немало, ама ја има сега и ќе ја има за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Така е. Гледај - Борис Калпак им е и татко и челник.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Свртен кон неа, со стапалки до распаѓање на колениците стиснати на ѕидот зад мене, ја држев во мрежата на недоспуштените клепки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа повисокиот тревар со тврди прсти му ги дигал клепките од очи и се веднел со шушкав здив над студените болки; сега и тој гледал кон волето на покојниот Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не верувале дека Онисифор Мечкојад ќе им помогне да се ослободат од стравот. Некој се обидувал да ги надвика.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поверувал дека некоја надеж му го измазнува лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Молкнаа. Сега и ловците, како и другите, стоеја пред своите двоколки со едно воле или со ѕевгар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А полноќ е и сигурно сега и тоа куче ќе стигне дома и за да ја граби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
МИНАТОТО ИСЧЕЗНА КО СТАРА ИЗБЛЕДЕНА СЛИКА Живеј сега и одма, не дозволувај мрачното минато да ти ја одземе сегашноста и иднината, со сребрен сјај.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немаше веќе ништо друго. И тој сега и размислуваше така за оние двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му дојде сега и она тага, што требаше да му биде заедничка со неа, но која секогаш продолжуваше да останува само нејзина тага, од тоа, што таа не можеше да му роди уште некое дете; тоа лекарите го рекоа уште веднаш кога го имаа Јовко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, поарно е сето тоа да го заборави сега и да си ја сврши работата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сега и здравото око на кловнот е слепо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еден моден креатор, девојка што ја познавам, ме бакнува во знак на поздрав.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во ред, собери се сега и немој да изгледаш како некој спид фрик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Погледнувам кон сведоците. сега и тие со дигнати раце и со заслепени очи ги повторуваат зборовите на невидливиот судија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пуштете сега и вие еден коњ да спие кај вас.“ „Будала некој, тој ваш отец“, со кикот рече девојката и пребрзо за нивното разбирање симна сѐ од себе и се прозевна. „Ајде кажете каде ќе се легнува?“ По подот лазеа чудни мириси на мастика, на лук и на женска топлина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во еден од моите часови на безгрижност, или поточно, сега и тука, слушајќи ги звуците зад аголот, и чекорејќи по асфалтирани насмевки се нурнав низ празнините внатре во чашата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Кога Балканот ќе стане Европа, пред Европа да стане Балкан!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Необична перспектива која не ја доживеа мојата Мајка, која се плашеше секогаш од татковите, сега и од моите заминувања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега бев двојно столчена, еднаш од предавството на Борко во животот кон мене, зашто никогаш не беше ми кажал за таа своја тајна, а сега и од неможноста да го објаснам апсењето на Симона, под обвинение, јасно, за ширење на лажни вести и непријателска пропаганда против државата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со нив моли се за нас, преподобен учител, што го прочитуваме твоето преславно успение во славата на Пресвета Троица, Таткото и Синот и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во сите векови, АМИН!
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Работи сега и надевај се, белки бабата Бисера со свеќата ќе помогне од некоа страна".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– „Ах, проклет да е тој саат, си велел сам со себе Силјан, кога им грешив на мајка и на татка, да ме втаса ваква клетва, бев човек сега и да си ги пречекав сватовите, и јас да се веселам како сите што се на свадбава.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Твојот пат е твојата светост.  Твојот пат сочинет од име и идентитет и другите подзаборавени потценети распродадени за туѓ ќеиф, по сопствена вина - доблести и добра сега и материјалните територијалните егзистенцијалните  сѐ за да бидеш и никој, и ништо и да се рассееш по светот БЕСТРАГА, НЕВРАТ ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ надвор од јазикот...  Но твојата трага - длабоко втисната тетоважа на светот - не е само твоја.  Не скршнувај од својот Дом народе мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Молеа за милост, а сега и јас за милост молам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Црна магла се издигнува над мојава изгубена душа понесена од дивиот порив на чувства и страсти што горат низ моиве вени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Е, тој занает, почнувајќи од сега и наредните три-четири дена јас ќе ви го научам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наводот од “Tlon, Uqbar, Orbis Tertius”, потекнува од списокот на различните филозофски школи во Укбар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Последната реченица во Портретот на уметникот во младост упатува на таа замена, која е направена без страв и чувство на вина: “27 април: Стар мој татко, стар мајстору, поддржи ме сега и секогаш на добро место”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Опинчиња поправаше, а сега и куќа и имот има, стоката до Солун си ја продава.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Сѐ што е убаво, есента го зема, - тихо си шепоти Билјана. - Трендафилите,овенаа, кајсијата е гола. Сега и црешната оголува. Да, сѐ е оголено.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И не те излапа? - се чуди Сашо. - Кој да ме излапа? - се чуди сега и мајка му. - Мечката!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)