Патуваш по границите рани, странични
на вселената – изведена смисла/свет
а таму душата лебди, бдее
бедеми бедни та раскошни
со плимата плиска
со осеката секне
секавично и ведно
гледаш и мижиш во длабините
и самиот длаб
на етерот бладање, сон на сенката
светилник на помрачението
блаженство во јадот
страст за питие
смрт и заборав
за лага и заблуда
за облик, опиум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Секавично и болно се присети на еден настан од своето детство, на едната и единствена тепачка во својот живот, на тепачката со Бориса на Петка, како што го викаа децата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)