По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Секако можел да заштити и од чума.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Политичките причини секако можат да се уважат, а со националните има многу манипулирање, бидејќи со нив најлесно се манипулира. »» Не ли Ви се чини дека кај нас националните чувства се пренагласуваат, дека премногу им се дава значење во некаква цивилизациска смисла?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Па татко ти секако можел да интервенира.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Прстите му биле преподвижни од игра со бројаници, под нивниот допир раните и струпките испарувале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)