секојпат (прил.) - ќе (чест.)

Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Е, малечки, теткини деца! Тетка секојпат ќе ви помогне!“ - рече таа и излезе од училницата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Во кошницата секогаш имаше свежи, вкусни бомбони и додека ни се топеа во устите, тетка ти и јас секојпат ќе помислевме во себе: кои бомбони биле први во кошничката, кога играчката била купена и на кои им се восхитува ѓаволчето, и како биле по вкус?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)