Работите не одат на арно! – го промени веднаш текот на разговорот татко ми. – Со Сталин или без него, ние остануваме со нашите кози! – пресече Чанга. – Но независно од Сталин – продолжи татко ми – кај нас сигурно нема да доцнат „плановите за новата социјалистичка изградба”, кои секако ќе ги зафатат и нашите кози. – И во мене нешто коби.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Стоејќи на една нога и обидувајќи се да постигне совршен баланс, како што тоа го прават чапјите и фламингото, со раце испружени на правците Исток - Запад, се надеваше дека конечно ќе биде допрен од раката Божја, токму на ова место, зашто ако не овде, сигурно немаше никаде.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Нормално, тоа што беше внатре не можеше да се нарече мозок, бидејќи да имаше мозок, јагнето сигурно немаше да се наоѓа во ваква состојба.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Со едно чувство на „језа” го фаќам предметот, зашто сигурно немаше да се шетам со предметот во ногавицата и да ги привлекувам сите љубопитни погледи врз себе, кои беа потенцијално урокливи.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Нема да ви го опишувам замокот и да запаѓам во убиствено исцрпувачки детали, така сигурно нема да ме ислушате до крај.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Никому тоа не му пречеше - знаеја дека, ако ме повикаат да дојдам, сигурно нема да дојдам сам.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сето тоа изгледаше како една журка да упаѓа во друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Чешмата вода има, гората засолниште, сигурно нема да бидат забележани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Уште да ги нападиме и спаиите, авалеџиите, беглиџиите и сите други дерикожи, сигурно нема да не колне народот!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Тој маж досега на сто пусии паднал, ама ниедна го нема задржано.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие мрчале надолго и широко ќе ви продаваат морал, а доколку тоа не би го правеле и би ги пуштиле на пазар да продаваат компир сигурно нема да продадат ниту 2 кила, но затоа доколку ги оставите пред МТВ би биле успешни проститутки.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тој рече дека косата ми мирисала секогаш на цимет; му реков дека такво нешто сигурно немало, бидејќи јас не го поднесувам мирисот на циметот; тој ме убедуваше дека било така.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- А паметиш ли дали во Прењес тогаш имаше православна црква? - Немаше. Сигурно немаше. - А џамија? - И џамија немаше.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нема сомнение, кога конечно ќе се вселите во овој нов простор, тој сигурно нема да наликува на дом; повеќе ќе биде како хотелска соба, и покрај фактот што ви обезбедува засолниште и дури и луксузи што порано не сте ги имале.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Некоја недела, богати, сигурно нема да им биде тешко да навратат до тебе да појдеш и ти со нив да ловиш...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А сигурно нема да имаш ништо против ако начекаш и некоја дива свиња, да ја пречекаме да помине тука, еден од оние самјаци, што не водат сметка колку е висок снегот за да продолжат да се прошетуваат од една млака до друга, што продолжуваат и во зимните ноќи да ги откопуваат корењето од папрадот и од другите билјачки; а може да се пречека и некоја нивна сурија, што поминува и го остава по себе пооран сиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, - продолжи Томо - заради твојот углед во кујната тоа сигурно нема да се случи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И така, ја одбив љубезната промоција на готвени јадења, супи, чорби и месено... зашто, ако некој треба да си оди од дома и да ме напушти, последните зборови сигурно нема да му бидат: „Да си ибеш векот, стварно убаво готвиш“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не му е важно да биде старешина на имотските сојови (а да не биде глава на сиот сој Перуноски не може, зашто е најстар и од браќата и од братучедите) но ако не го сменил од старешинството сигурно нема и да го руга, а тоа, да не го руга пред луѓево за она за кое сам тој не може да престане да не се руга, најважно му е од сѐ.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И ако земете предвид дека баронот имаше шеесет и пет години и тежеше четириесет и девет килограми и имаше слушнато за Кинг Џејмс, и дека тој (баронот) тежнееше кон „vita simplex“18, па затоа немаше пушка со себе, а и да ја имаше тој сигурно немаше ни да ја искористи, тогаш не смеете да го осудите ако ви кажам дека насмевките со коишто трубадурот му ги наполни брчките, се избришаа и на истото место повторно се појавија старите, обични брчки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Имам два дела земени под наем“, благо рече стариот Елисон. „Како да не“, рече Кинг Џејмс.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Јас ѝ велам: "Ја сигурно нема у кобалт да доручкувам, ама ај остави".
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Требаше уште многу, многу да чита, а за тоа сигурно немаше време, за да го достигне диоптерот на Татковите очила.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Силно и чудесно единство до кое луѓето сигурно нема никогаш да стигнат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ламбе кроце му шепна на увото на Трајчета: - Тебе сигурно нема да те врзат.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Газдата сигурно нема намера да му клава нова. А уште помалку да ја поплочува со злато“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Ако не можам да си го осмислам животот поради оваа безобразничка, тогаш сигурно нема да дозволам денов да ми остане неосмислен – помисли тој.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Па така, ја подадов раката и реков: - Убаво маче тоа...
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но, јас точно паметам дека Дино ме погледна и престана да ја цица коската, бидејќи ме гледаше сериозно, а паметам јасно затоа што од крајчето на устата му висеше една жила и сигурно немаше така сериозно да ме гледа ако знаеше колку глупаво изгледа во тој момент.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но Дедо Мраз, не забележувајќи го сето тоа продолжуваше: - Ако бев доследен на верноста, сигурно немаше да дозволам од најголема да се претвориш во најмала и да се вратиш кај куклите.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
СТЕВО: Јас сигурно нема да платам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Да знаеше сигурно немаше да биде вол, туку... - Туку готвач - дофрли некој. - Ама немој... ја море.. - Па, можеби и помошник, нели?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Толку многу верував во него и бев убедена дека нема, сигурно нема да ме разочара.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ги гледав моите сопатници, во лажно срдечна прегратка со сталинизмот, како ми намигнуваат со јасна порака дека нивниот овдешен однос сигурно нема да има никакво значење на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јас во мигот молчам, но сигурно нема да останам без коментар, без да го искажам моето мислење зашто поинаку кажувањето на К.К. би било разбрано како одобрување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таа сигурно нема никогаш да исчезне.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Не, сигурно нема даму речам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Мамо... - пробав кај мајка ми, но се сетив дека таа не знае за што се работи и дека, ако ѝ кажам, сигурно нема сè да сфати, а можно е и да се налути повеќе од татко ми, па се предомислив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ако ги прашам, моите сигурно нема да ми дозволат - рече Мила. - А, моите мислиш, да? – додаде Снеже.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Да ме праша некој колку време летавме и колкаво растојание поминавме, сигурно нема да можам да му одговорам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бевме едногласни: да си ги земеме велосипедите, божем ќе возиме низ нашата населба, а јас да ги понесам и тениските рекети, можеби некое од игралиштата во паркот ќе биде празно, па ќе нѐ пуштат да поиграме без пари. Така и сторивме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)