сигурно (прил.) - му (зам.)

Сигурно му имаат поткажано за Ќосото та ме вика на пеење".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да му се, плаша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ништо. Мајка му молчи. Сигурно му верува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Главно било, ти, преку власта, бидејќи се видело дека ти си во врска со власта, се видело и по тоа што ти дале пари за изградба на водоводот, а богами, велат, сигурно му дале и за бунарот, ти, значи, требало да ги натераш маказарчани, со власта заедно, да ја продадат земјата и куќите, а потоа, се знае - процент“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Толку недели и месеци морал да носи токму такви тежини на десното рамо! (Добро, тој никогаш го нема спомнато тоа, но мајка ми ми има раскажувано за неговиот пријател Словенец и за цевката од минофрлачот што Даскалов честопати ја земал на своето рамо за да му помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А таа навика сигурно му е од војната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или ништо не слушнал?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што го слушнал сигурно му се чини несигурно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сигурно му упатуваше благодарствени молитви на големиот пророк што го удостои и овој ред да биде негов слуга и да му принесе две ѓаурски жртви на неговиот олтар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ѕвонарот ги отфрли очите, ќе му паднеа како отпуштени петлици, си го протри челото, целата снага сигурно му гореше, мајко моја, тој не веруваше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги купуваше сите постепено...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Кралевите на педалата” и „Кралевите на авијацијата”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислам дека сигурно му беше објаснил дека неговата дисциплинска финта, да ме испрати во Рокет****, не беше баш решение...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога стравот од страв на единката станува страв на толпата, тогаш станува сеопшт и тогаш ништо не може да го сопре. А тие кои така наредија, сигурно му ја знаеја моќта...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Му реков „добро“. „Добро“ сигурно му реков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- О, Маци е гладна! - повторно извика свекрва ми, - Сега ќе ти дадеме да јадеш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ваквиот мој пристап сигурно му се допаѓаше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)