слатко (прил.) - и (сврз.)

Наготви, наготви што можеше ,и умееше најслатко и најблаго и си вели со умот: „Од питулици со мед, од сланина и кубаси со јајца има ли нешто послатко? И тоа со булиња и погачи на малото сито.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Видите луѓе, за чудо големо! — вади компир од ваганката и им го покажува. — Та воа, ни е било, ни ќе биде нешчо послатко и поубаво . . . ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како второ: ако посакам слатко и убаво да се истегнам под зраците на топлото сонце, ниеден младич нема да ми побара исполнување на желбата да води љубов со женска од која потоа нема да му се гади.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Маж!... Маж!... И слатко и горко е да помислиш дека го имаш!... (Лирично настроена, опфатена од чувство на притаен копнеж).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ама, душата ме боли за Костадина... Маж ми е... (Одеднаш ја обзема страшно претчувство). Ако не дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)