смело (прил.) - ќе (чест.)

Треба почесто да го употребувам; тој како да докажува размислување и дури нешто како великодушност.) - Не можам да преминам со молчење дека многумина се признаени за злонамерни само затоа што не им беше познато: кое мислење е подобро за највисокото раководство?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не плачете што одам... Има уште многу што нема да потклекнат и што смело ќе го докрајчат... - кундакот не му даде да ја заврши мислата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нејзината судбина ќе биде инаква од судбината на Невена: додека онаа чека со спремната невестинска руба, Кијмет смело ќе ја прифати ниезвесноста, и сите ќе бидат среќни поради тоа, сосе Исус и Богородица кои, со блага насмевка, ќе ја благословат рожбата на Кијмет, на сличен начин на кој Господ ќе го благослови отфрленото срце на Среќниот принц.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Положбата на тие луѓе е неискажано тешка; дури смело ќе речам: неподнослива!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Виктор Берар, француски научник, балканолог, добар познавач на Османската империја, блескав заштитник на македонската кауза и на борбата на Македонската револуционерна организација, смело ќе го дигне својот глас во полза на гемиџиите, величајќи ја нивната акција како херојско дело.“ ...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)