Како речиси и секој американски дипломат совршено го владееше јазикот на земјата на служењето, имаше речиси картезијански однос кон дипломатската мисија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Професор Освалд ја пофали стабилноста и долговечноста на пирамидите, но тоа не го толкуваше како резултат на вербата во вечен живот, туку како борба за него, и забележа дека тие безобразни, неприродно симетрични и едноставни маркации, осамени во безмерноста на пустината и времето, по најкраткиот пат од широката основа до точката на врвот совршено го отсликуваат постапното, непобед ливо трошење на човечкиот век.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Арсо така совршено го изучи звучењето на неговиот глас од дворот, што по него познаваше карактерот на човекот и неговото место во ова мало општество.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш за првпат разбра колку нешата се смениле, оти му беше тешко и непријатно да го зборува јазикот што (сѐ уште) совршено го познаваше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Играа смирено, тивко во неповторлив ритуал, за разлика од други играчи, за кој не беа договорени, но совршено го одржуваа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Авторот на книгата, писателот и историчар Леон Каин (1841-1900), професор на Сорбона и конзерватор на големата библиотека во Париз Мазарин, во 1899 година го запознал младиот албански полиграф и полиглот Фаик Бег Коница (тогаш 23-годишен), со завршени филолошки студии во Франција, кој совршено го владеел стариот и новиот француски јазик, потоа неколку балкански и европски јазици, старотурски и новотурски, санскрит и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Боб Пелетро, како што го именуваа неговите пријатели, висок, слабникав, со убав профил на тенисер, беше комплетен арабофил, префинет и вешт дипломат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)