Второто дополнување предвиде правното лице што врши дејност распоредена во гранките производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност распоредена во областите од 12 до 14 (согласно тогашната национална класификација на дејностите), освен правното лице кое е регистрирано како претпријатие, платите за јули 1992 година и натаму да ги исплатува во висина на исплатената просечна месечна плата по работник утврдена согласно овој закон и усогласена со стапката на порастот на платите во стопанството за мај 1992 година во однос на просечната плата остварена во стопанството за март 1992 година и зголемена за 50% (чл. 3, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Доколку странките склучиле спогодба во постапка на медијација, се должни истата да ја достават до судот во рок од осум дена од денот на нејзиното склучување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. Надлежни органи а) се утврди временски рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето со потребната документација, за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи, како и за постапките за издавање на сертификати, кои согласно овој закон, се спроведуваат од АВРМ (чл. 1 од ЗИДЗВРС/окт.11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Судот закажува рочиште на коешто на записник ја констатира склучената спогодба која добива својство на судско порамнување – ако се исполнети условите за склучување на судско порамнување согласно овој закон (чл. 308, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, со ЗТПОК од 1993 година се предвиде дека со денот на влегувањето во сила на овој закон, интерните акции издадени според претходно наведените два закона не можат да се продаваат до нивното трансформирање во обични акции согласно овој закон (чл. 110).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)