132 Со влегувањето во сила на овој Закон за изменување и дополнување, по којзнае кој пат, се воведе повторна обврска за пререгистрирање на невработените лица согласно новите видови евиденции.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со неа, покрај тоа што настанаа промени во висините на казните (чл. 3 и 4, ЗИДЗВОСН/авг.08), беше воведена и постапката за помирување како начин за наплата на паричните каз- ни, согласно новиот Закон за прекршоците од 2006 година (чл. 5). 13 Глобите што беа предвидени за работодавците-правни лица се намалени од околу 3.200 до 4.900 евра на 2.000 до 4.000 евра во денар- ска противвредност, додека кај глобите за работодавците-физички лица (поранешните поединци што вршат занаетчиска или професионална дејност) дојде до намалување на минималната (од околу 600 10. Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Сл. весник на РМ, 130/09. 11. Согласно чл. 24 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Сл. весник на РМ, 106/08. 12. Согласно чл. 3 од истиот Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи и Одлуката на Уставниот суд, У. бр. 134/2005-0-0 од 29 март 2006 година. 13. Закон за прекршоците, Сл. весник на РМ, 62/06. 88 на 500 евра), а зголемување на максималната казна (од околу 800 на 1.000 евра).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
До одредени подобрувања на правата на работниците дојде во сферата на индивидуалните спорови кои сега можат да се решаваат и согласно новиот Закон за медијација, а ваков спор може да се поведе и во случај кога не е исплатена плата. 1.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Покрај тоа, согласно новиот Закон за прекршоците од 2006 година воведена е постапката за помирување како начин за наплата на паричните казни (чл. 6, ЗИДЗЕОТ/08) и се укинува поднесувањето пријава за засновање на работен однос во случајот на приправниците (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Индивидуален спор Со единствената новела на овој закон се определи дека индивидуалните спорови, освен со овој закон, ќе можат да се решаваат и согласно новиот Закон за медијација (чл. 1 од ЗИДЗМРРС/14).95 Ваквото решение е секако во корист на работникот, бидејќи медијацијата подразбира донесување на заеднички прифатливо решение кое е предложено од сите страни во спорот, изразено во форма на писмена спогодба, за разлика од обврзувачкото решение на арбитражата, кое најчесто е во корист на само една од страните во спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)