Лежевме врз „парчето Виетнам“ (војничко шаторско крило од сомнително потекло, кое евтино го купив во едно second hand дуќанче) со глави потпрени на рацете, а низ продупчениот покрив веќе се гледаше Деница.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во тогашното најдемократско оксфордско диско со егзотично име „Ramses“ (кое само по три години, кога пак го осетив Оксфорд, веќе беше струшено) каде што тој, заедно со уште тројца и пејачката, Индијката, беше live music тапанар во паузите кога диск-џокејот се одмораше од пуштање плочи.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)